Утрински Весник
Македонија

Гостиварската болница доби донации во постелнина, заштитни маски и хигиенски средства

Гостиварската болница доби донации во постелнина, заштитни маски и хигиенски средства

Гостивар, 4 април 2020 (МИА) – Неколку поединци и фирми изминативе два дена донираа во општата болница „Др. Ферид Мурад“ поголеми количини заштитни маски и хигиенски средства и постелнина.

Од управата на болницата искажаа задоволство за покажаната добра волја и донациите, која, како што наведе првиот човек на оваа здравствена установа, е добредојдена.

– Од трговскиот ланец ЕТЦ, добивме значителна количина заштитни маски, скафандери, хигиенски и средства за дезинфекција. Во меѓувреме, повеќе поединци и други фирми, исто така, донираа слични продукти, а добивме и 215 комлети постелнина, која исто така во овие околности е добредојдена, изјави за МИА, Јакуп Јакупи директор на болницата.

Тој потврди дека залихите во болницата се на задоволително ниво, но со оглед на состојбата, вели дополнувањата ќе бидат корисни. згм/вг/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Министерството за економија ја „спакува“ новогодишната кошничка

Владиката Тимотеј ќе биде погребан в четврток на Плаошник

СДСМ: Намалувањето на парите за чист воздух е удар врз здравјето на народот