Утрински Весник
Македонија

Гостиварец се заканувал на полициски инспектор кој вршел контрола во угостителски објект

Гостиварец се заканувал на полициски инспектор  кој вршел контрола во угостителски објект

Основното јавно обвинителство Гостивар поведе постапка и поднесе Обвинителен предлог против 47-годишен Гостиварец кој се товари за кривично дело – Загрозување на сигурноста казниво по Кривичниот законик.

Имено на 2 октомври, додека се вршела акциска контрола во угостителски објект во близина на автопатот Гостивар-Тетово, обвинетиот повеќе пати се заканил на службено лице – инспектор во ОВР Гостивар кое вршело службени дејствија.​​

Можете да прочитате

МВР: Податоците за преминување на границата на Ристов се достапни само по законска постапка

На граничните премини запленети девизи, злато, цигари…

Судијата Ѓоко Ристов во Обвинителството – се бара куќен притвор и одземање пасош