Утрински Весник
Македонија

Гостиварец оставил капар за автомобил, па наместо да го доисплати, го дал во Арачиново во замена за производи

Гостиварец оставил капар за автомобил, па наместо да го доисплати, го дал во Арачиново во замена за производи

Полицијата информира за нова измама со купопродажба на половни возила, која се случила на територијата на Гостивар.

„Пријавениот A. M. (37) усно се договорил со Ш. Р. (67) од Гостивар да купи од него патничко возило по што му дал дел од парите и ветил дека преостанатиот дел ќе му го даде по проверка на исправноста на возилото кај механичар. По тоа, пријавениот не се јавувал на повиците, а возилото го компензирал за производи со лице од селото Арачиново, Скопско“, соопшти МВР.

По преземените мерки, возилото било пронајдено и вратено на сопственикот, а А. М. е приведен.

Можете да прочитате

Мицкоски на средба со претставници на големите маркети

Средба на Хоџа со претставници на ЕБОР: Продлабочување на партнерството со ЕБОР за модерна инфраструктура и зелени инвестиции 

Кочани остана без дизел: Бензинските пумпи велат дека немаат залихи!