Утрински Весник
Македонија

Гостиварец обвинет за силување, жртвата успеала да побегне

Уапсен велешанец осомничен дека силувал 15-годишно девојче

41 годишен гостиварец се обидел со употреба на сила да изврши обљуба врз жена додека таа чистела во својот дом.

Од МВР информираат дека основното јавно обвинителство Гостивар има поднесено Обвинителен акт против ова лице за кривично дело – Силување во обид казниво по Кривичниот законик.

На 27 април, 41-годишниот гостиварец со употреба на сила се обидел да принуди на обљуба една оштетена. Ја нападнал додека таа чистела во својот дом и ја соблекол.

Жртвата дала активен отпор и во еден момент успеала да се оттргне, да го турне обвинетиот и да побегне.

Надлежниот јавен обвинител до Основниот суд Гостивар доставил и посебен предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетото лице, бидејќи се уште постои опасност од бегство или можност ова лице да влијае врз жртвата како и можност да го повтори делото.​​

Можете да прочитате

Филипче: Аферата со АНБ е измислена, ВМРО-ДПМНЕ се плаши од вистината

Сиромашни сме за нула отпад, смета премиерот – создаваат магла и растураат пердуви

24 сторија: Самохрана мајка без редовни приходи мора да плати приватна хоспитализација на нејзиниот татко поради немање државјанство