Утрински Весник
Македонија

Гостиварец наместо да седи во изолација го напуштил домот и направил сообраќајка

Гостиварец наместо да седи во изолација го напуштил домот и направил сообраќајка

Гостиварската полиција поднесе кривична пријава против 45-годишен гостиварец со иницијали Ш.А, поради сомнение за сторено кривично дело – непостапување според здравствените прописи.

Како што информираат од МВР, на 23 март годинава, полициски службеници констатирале дека Ш.А. бил учесник во сообраќајна незгода на улицата „Беличица“ во Гостивар и постапил спротивно на издаденото решение од страна на Државниот санитарен и здравствен инспекторат со кое му била определена мерка домашна изолација.

Можете да прочитате

ОЈО поднесе обвинение против Стојанче Јовановски, се гони за три кривични дела

ОКТА: Почнавме со иницијатива за поддршка на потрошувачите, по дополнителните количини гориво набавени преку продуктоводот ВАРДАКС

Работничка тешко повредена во фабрика во Охрид