Утрински Весник
Свет

Гори природен парк во Португалија, над 1.000 пожарникари го гаснат пожарот

Повеќе од 1.200 пожарникари учествуваат во гаснењето на големиот шумски пожар во португалскиот природен парк „Сера да Естрела“, кој се разгоре само неколку дена откако беше ставен под контрола.

dobivaj vesti na viber

Силните ветрови ги попречуваат напорите на пожарникарите да го локализираат еден од 192-те пожари кои опустошија околу 92.000 хектари земја низ Португалија оваа година поради рекордно високите температури, пренесе АФП.

Пожарот повторно беснее во природниот парк, кој е под заштита на УНЕСКО, а веќе зафатил површина од околу 25.000 хектари.

Шефот на службата за цивилна заштита, Андре Фернандеш изјави дека ситуацијата е голем предизвик, иако „90 отсто од периметарот на пожарот сега е под контрола“.

Португалија го мина најтоплиот јули во последните 100 години, а шумските пожари се најголеми од 2017 година, кога загинаа околу 100 луѓе, пренесуваат светските агенции.

Можете да прочитате

Трамп по рацијата во Хјундаи: Почитувајте го законот и обучете ги Американците за вашата работа

Орбан: Украина ќе биде поделена меѓу Русија и Западот

Трамп најави средби со европски лидери за Украина и нов разговор со Путин