Утрински Весник
Македонија

Горивата поскапуваат за половина до еден денар по литар

Стружани со службени картички полнеле гориво во сопствените автомобили

Скопје, 24 февруари 2020 (МИА) – Бензините од ноќеска на полноќ поскапуваат за еден денар по литар, а цената на дизелот се зголемува за половина денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Со одлуката на РКЕ се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во прoсек за 1,46 отсто.

Новата малопродажна цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 67 денари за литар, а ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава за 69 денари. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе биде 58,5 денари за литар, додека цената на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за еден денар по литар и ќе изнесува 47,5 денари.

Со одлуката на РКЕ за 0,425 денари за килограм се зголемува и малопродажната цена на мазутот М-1 НС и ќе чини 33,565 денари.

Како причина за промена на малопрадажните цени на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат за 0,8 отсто повисокиот курс на доларот во однос на денарот во изминатите седум дена и зголемувањето на референтните цени на дизелот и на бензините за 1,41, односно за 2,68 отсто.вј/лв/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Македонски деца пушат уште од 10-годишна возраст

Македонското знаме не е подлога за протокол – туку симбол за кој се умира

Г.Г.Стефан: Благодарејќи на Светите браќа Кирил и Методиј го славиме Бога на свој јазик, со свое писмо и од свои книги