Утрински Весник
Економија

Горивата поевтинуваат од два до четири денари за литар

Времената либерализација на пазарот на нафта и нафтени деривати не предизвика ценовен шок
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Скопје, 27 април 2020 (МИА) – Горивата од ноќеска на полноќ поевтинуваат за два до четири денари по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 7,76 отсто.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за 2,5 денари по литар и ќе изнесува 49,5 денари. Бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 поевтинува за 2,0 денари и ќе чини  52 денари за литар. Цената на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се намалува за 4,0 денари и ќе изнесува 42,5 денари за литар, додека малопродажната цена Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува за 3,5 денари и ќе изнесува 30,5 денари.

Со одлуката на РКЕ за 2,178 денари за килограм се намалува и малопродажната цена на мазутот М-1 НС и ќе чини 16,945 денари.

Како причина за намалување на малопродажните цени на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат намалените референтни цени на светскиот пазар на бензините за околу 24,55 отсто и кај дизелот за околу 31,9 отсто, како и за 0,665 отсто повисокиот курс на денарот во однос на доларот во изминатите седум дена. вј/лв/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Мицкоски: Во фаза на потврда сме на три многу важни странски инвестиции – германска, грчка и турска во вредност од околу 120 милиони евра и 1.500 нови вработувања

Мицкоски: Имаме најниска инфлација во Европа

Нова веб-апликација на Народната банка за полесно споредување на банкарските кредити и депозити