Утрински Весник
Спорт

„Горд сум, но не сум изненаден што ме примија во Куќата на славните“

„Горд сум, но не сум изненаден што ме примија во Куќата на славните“

Ерик Кантона е примен во Куќата на славните, на англиската Премиер лига. Францускиот ас е еден од шестмината кои во Куќата на славните влегоа со гласовите на навивачите и стручното жири. Први кои добија место во Куќата на славните на Премиер лигата беа Алан Ширер и Тиери Анри.

„Горд сум и среќен, но морам да кажам дека не сум изненаден“, рекол легендарниот фудбалер на Манчестер јунајтед и дополнил.

„Ќе бев изненаден доколку не бев избран. На листата имаше 30 имиња. Ако некого требаше да изберат тогаш тоа сум јас. Останатите се одлични, јас сум извонреден“.

Ерик Кантона, во Премиер лигата играл за Лидс јунајтед и Манчестер јунајтед. Во Премиер лигата одиграл 156 натпревари, постигнал 70 голови. Со Манчестер јунајтед освоил четири шампионки титули.

> „Горд сум, но не сум изненаден што ме примија во Куќата на славните“ <

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина