Утрински Весник
Македонија

Горан Сугаревски избран за претседател на Надзорниот одбор на СДСМ

Горан Сугаревски избран за претседател на Надзорниот одбор на СДСМ

Попладнево се одржа првата седница на новоизбраниот Надзорен одбор на СДСМ, на којашто покрај членовите присуствуваа генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски и организациониот секретар, Мартин Попов.

За претседател на Надзорниот одбор на СДСМ е избран Горан Сугаревски, а на оваа седница се поставија и темелите за понатамошна работа.

„Надзорниот одбор на партијата е важен орган, задолжен за надгледување на финансиската и деловната активност, за оценување на статутарноста на актите и одлуките кои се носат, а надлежен е и за спроведување на Етичкиот кодекс за однесување“, велат од СДСМ.

Од таму додаваат дека ова тело во иднина фокусот ќе го стави на одговорноста, отчетноста и почитувањето на Етичкиот Кодес од страна на сите избрани и именувани функционери, но и на сите членови на партијата.

Генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски, во обрќањето пред членовите посочи дека СДСМ е прва партија која вовела нов, современ Етички кодекс за членовите и носителите на раководни должности во партијата и државата, додавајќи дека очекува посветена работата на Надзорниот одбор во сите сегменти.

Можете да прочитате

Собранието го изгласа Законот за средно полициско училиште

Сиљановска-Давкова прими претставници на Иницијативниот одбор за именување на големата концертна сала во Македонската филхармонија со името „Маестро Ванчо Чавдарски“

Мицкоски: Велигден нè потсетува дека токму преку сплотеноста и човечноста можеме да ги надминеме сите предизвици