Утрински Весник
Спорт

Гомез и Барса го „торпедираа“ Кил за ново ЛШ финале

Предводени од неверојатниот Алеиш Гомез кој постигна 12 гола, Барселона со 34:30 (19:18) го совлада Кил во мега-пресметката во полуфиналето на Лигата на шампионите на ЕХФ, за да обезбеди каталонскиот клуб утре против полскиот Кјелце да ја брани најелитната ракометна тимска титула.

По израмнетото прво полувреме, во кое Барса имаше само гол предност (19:18), Гомез заедно со поранешниот вардарец Лука Циндриќ успеаја да го кренат шпанскиот клуб на +5 (30:25), по што немаше враќање за тимот на Филип Јиха. Гомез застана на 12 гола, еден од рекордот на Ф4 турнирите на ЛШ, кој го држат Сергеј Рутенка (2004) и Хуанин Гарсија (2010).

Покрај Гомез, Дика Мем и Циндриќ завршија со четири гола, додека за Кил не помогнаа шесте гола на Харалд Реинкинд.

Барселона ќе игра за својата 11. европска титула против Кјелце, кои претходно направија камбек и ги победија Веспрем за второ финале во историјата на полскиот клуб.

> Гомез и Барса го „торпедираа“ Кил за ново ЛШ финале <

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина