Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Голомразица на патиштата, забрана за камиони на повеќе патни правци

Голомразица на патиштата, забрана за камиони на повеќе патни правци
300x250 opst2

Поради остатоци од снег на коловозот, забрани за тешки товарни возила има на следниве патни правци: Прилеп – Кавадарци преку планинскиот премин Плетвар. Тетово – Попова Шапка има забрана за сообраќај за тешки товарни возила и автобуси. Битола – Ресен преку планинскиот премин Ѓавато.Крива Паланка – граничен премин Деве Баир.крак Маврово – Дебар има забрана за сообраќај на тешки товарни возила со приколка.Од Дебар кон Струга. Во спротивниот правец од Струга кон Дебар нема забрана за тешки товарни возила.

На патниот правец Р2248 помеѓу с. Ранковце и с. Герман има забрана за сите видови моторни возила.

Сообраќајот на државните патишта се одвива отежнато и во зимски услови по влажни коловози, наместа со остатоци од кашест снег на коловозот. Поради ниските утрински температури, има и појава на голомразица.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Неделна прогноза за Македонија: Прво дожд и снег, па сонце

АД ЕСМ затвора дел од рудникот за јаглен во ТЕЦ „Осломеј“

Низа инциденти низ Скопје: напади, кражба и физички тепачки во еден ден