Утрински Весник
Спорт

Голманот на Партизан брутален: Силувајте ме ако не го освоиме Купот!

Барса на Меси му нуди 10-годишен договор

Голманот на белградски Партизан, Владимир Стојковиќ често ја врти вниманието на себе со своите изјави, а тоа посебно се случува кога „црно-белите“ ги очекува дуел со лутиот градски ривал – Црвена Звезда.

Партизан утре од 19 часот на стадионот на Звезда ќе се обиде да ја спаси сезоната и да освои барем еден трофеј. Се игра финалето на Купот на Србија.

Капитенот на „црно-белите“ се обиде да го „симне товарот“ од своите соиграчи.

„Моите соиграчи не би требало да имаат притисок. За оваа една година направија премногу, горд сум на нивните победи. Во некои други времиња сигурно би ја донеле титулата. Што и да се случи утре, јас ќе бидам виновен. На свој грб примам се, мене силувајте ме ако не го освоиме Купот“ вели Стојковиќ.

Запрашан дали е подготвен доколку мечот дојде да се одлучува на пенали, голманот е дециден:

„Ако има пенали, сигурно ќе го освоиме Купот. Би сакал да се заврши пред тоа. Секако дека сум на располагање и да шутнам, ако треба. Знам колку е тежок пехарот, затоа само размислувам како утре да го подигнам“ вели тој.

> Голманот на Партизан брутален: Силувајте ме ако не го освоиме Купот! <

Можете да прочитате

Вембањама подели 10 „банани“ и стигна до 200. тројка во НБА побрзо од Кари

Атлетико Мадрид нов лидер во Шпанија

Огромна сума заработија Усик и Фјури