Утрински Весник
Македонија

Голем пожар во Струшко, силниот ветер го отежнува гаснењето

Голем пожар во Струшко, силниот ветер го отежнува гаснењето

Голем пожар бил пријавен попладнево околу 14 часот во шумата над струшки Елен Камен, над патот за Радожда.

Според информации од очевидци, огнот многу бргу се проширил поради силниот ветер, а активностите за гаснење и натаму се во тек.

Локални жители и граѓани кои го користат празничниот викенд стравуваат дека може да бидат зафатени и куќи, бидејќи во областа има викенд населба.

За пожарот веќе се известени сите надлежни институции, но проблеми при гаснењето предизвикуваат силниот ветар и непристапниот терен.

Можете да прочитате

Почина Гоце Контевски, доајенот на македонското новинарство

Штипскиот ЗОО парк „Бриони“ со нови жители: Лемури, волк и виетнамски прасиња пристигнуваат пред Велигден

Министерството за здравство со нов модел за ретки болести: Заштеди од илјадници евра и стабилна терапија