Утрински Весник
Свет

Голем пожар во рускиот регион Краснојарск проголта 20 куќи

Голем пожар во рускиот регион Краснојарск проголта 20 куќи

Пожарот што избувна денеска во близина на градот Минусинск, во областа Краснојарск, уништи најмалку 20 куќи, соопшти регионалното обвинителство.

Според првичните информации, изгореле 20 куќи во четири улици, а пожарот се заканува на одреден број куќи во две викенд населби, како и на двокатни станбени згради во Зелени Бор, соопшти канцеларијата, пренесе ТАСС.

Во тек е евакуација на луѓе и проценка на штетите, се наведува во соопштението.

Министерството за вонредни состојби соопшти дека силниот ветер ја зголемува брзината на пожарот.

Противпожарната единица е зголемена на 130 пожарникари и 28 возила.

На местото на настанот е испратен противпожарен воз.

На околу 300 лица им е обезбедено привремено сместување.

Можете да прочитате

Сијарто признава дека се слушал со Лавров за време на клучни состаноци на ЕУ – тоа е дел од дипломатијата

Експлозија и пожар во рафинерија во Тексас

Фон дер Лајен повикува на договор за војната во Иран