Утрински Весник
Македонија

Голем пожар во Градски парк, горат бараките на Судот за прекршоци

Голем пожар во Градски парк, горат бараките на Судот за прекршоци

Голем пожар гори од објект во непосредна близина на „Томче Софка“ во скопско Дебар Маало. Станува збор за бараките каде е сместен Судот за прекршоци во Градскиот парк. Противожарната екипа е на терен и веќе го гаси пожарот со четири протипожарни возила.

Командантот на Територијалната противпожарна единица на Град Скопје, Владимир Симоновски изјави дека се
работи за поголем пожар и оти на терен ќе бидат испратени дополнителни возила.

Причината за пожарот се уште не е позната, како ни дали има повредени. Пожарот е пријавен околу 16 часот.

Можете да прочитате

Уапсен наставник во Скопје, вознемирувал ученичка

Ненад Савески е предлогот на Владата за нов државен обвинител

Собранието ја утврди потребата од носење на Законот за јавно обвинителство