Утрински Весник
Свет

Големи протести во Минск против Лукашенко, уапсени 250 лица

Големи протести во Минск против Лукашенко, уапсени 250 лица

Белоруските сили уапсија повеќе од 250 демонстранти, соопшти Министерството за внатрешни работи во земјата, додека улиците во Минск се исполнети со десетици илјади луѓе кои излегоа на протест.

Огромна толпа луѓе се собра во главниот град, а очевидец за „Ројтерс“ изјави дека најмалку 100.000 демонстранти биле во центарот на Минск.

Властите во Белорусија користеа бодликава жица за да го блокираат пристапот до централниот плоштад во Минск и почнаа со апсењето на демонстрантите кои се собираа на улиците на главниот град, пренесе Интерфакс.

Новинската агенција ТАСС објави дека апсењата почнале уште пред протестите.

Олга Чеодаданова, службеник во Министерството за внатрешни работи, рече дека дополнителни полициски сили биле ангажирани на улиците во Минск за да ги спречат нелегалните собири.

Во меѓувреме, се’ повеќе луѓе се собираат во други градови во Белорусија.

Белорускиот лидер Александар Лукашенко се соочува со гнев во јавноста откако прогласи победа на претседателските избори минатиот месец, за кои неговите противници велат дека се наместени. Лукашенко ги негира обвинувањата.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Маж во Индија се разбудил миг пред кремирањето

Зеленски верува дека војната ќе заврши во 2025 година

Путин потпиша закон за отпис на кредитни долгови за учесниците во специјалната воена операција