Утрински Весник
Свет

Големите пожари и понатаму беснеат во Калифорнија

Големите пожари и понатаму беснеат во Калифорнија

Чадот од шумските пожари во Калифорнија ги гуши луѓето на источниот брег на САД, пожарот „опустоши“ еден град од времето на златната треска.

Сликите од куќите и планините зафатени од пламенот ја претворија Калифорнија, која тие ја нарекуваат Голден Стејт, во јагленисан, црн пејзаж, пренесуваат медиумите.
Во овој момент, надминато е подрачјето на територијата што минатата година беше уништена во пожари, оваа година е поставен нов, црн рекорд, а сезоната, проследена со силни ветрови кои дополнително би можеле да влијаат на ширењето на оганот допрва доаѓа.

„Не е ни крајот на август, а големината и распространетоста на пожарите ова лето не ни даваат надеж. Пожарите на Запад (САД) во текот на изминатите две децении се вознемирувачки и загрижувачки: тие се поголеми, подеструктивни”, предупреди Бил Дивирел, професор по историја на Универзитетот во Јужна Калифорнија.

Повеќе од десетина големи пожари ја опустпшија ниската вегетација, грмушките и шумите во сушната Калифорнија, која и оваа година страда од последиците од климатските промени.

Можете да прочитате

Даунинг стрит: Трамп погреши што ја омаловажи улогата на војниците во Авганистан

Агентот на ICE ја застрелал Рене Гуд три пати, третиот истрел бил фатален

Копенхаген ги стави трупите на Гренланд во борбена готовност поради можен напад од САД