Утрински Весник
Свет

Големите глобални мрежи недостапни за корисниците

Големите глобални мрежи недостапни за корисниците

Корисниците на дигиталните платформи „Инстаграм“, „Фејсбук“ и „Вацап“ во моментот имаат проблеми и не може да се користат.

Почетните страници на овие дигитални платформи не може да се отворат, проблемите со овие неколку апликации почнаа да се појавуваат по 17 часот.

Корисниците на овие мрежи се жалат дека не може да ги освежат вестите и да испраќаат пораки.

„Свесни сме дека некои луѓе имаат проблеми со пристапот до нашите апликации и производи. Работиме на проблемот и се надеваме дека ќе ги вратиме работите во нормала што е можно побргу и се извинуваме за непријатностите“, велат од „Фејсбук“.

Можете да прочитате

Агенти на ICE ќе ги обезбедуваат ЗОИ, Градоначалникот на Милано: Тие не се добредојдени

САД денеска и формално се повлекоа од Парискиот договор за климата

Гром удри во толпа луѓе за време на собирот за Болсонаро во Бразил, десетици повредени