Утрински Весник
Свет

Голема полициска акција во БиХ: Најмалку 19 уапсени, меѓу нив и полицајци

Голема полициска акција во БиХ: Најмалку 19 уапсени, меѓу нив и полицајци

Најмалку 19 лица се уапсени денеска во Босна и Херцеговина во голема операција против мрежа на шверцери на наркотици, оружје и воена опрема, потврдија во текот на денот полициски и судски извори.

Акцијата била спроведена на барање на Обвинителството на БиХ, кое соопшти дека главни цели биле луѓе поврзани со други криминални групи во регионот кои со години се занимавале со трговија со дрога и оружје.

Како што е потврдено, меѓу уапсените има и неколку активни полицајци за кои е утврдено дека соработувале со членови на организирани криминални групи.

Центар на полициските рации, спроведени по налог на Судот на БиХ била Фоча, во источна Босна, а претставници на Министерството за внатрешни работи на Република Српска потврдија дека пронашле и заплениле повеќе од 400 килограми марихуана, прошверцувана во БиХ од Црна Гора.

Можете да прочитате

Владата на Полска планира да ја укине вонредната помош за Украинците

Францускиот претседател со децидна порака од Давос: Европа нема да дозволи да биде потчинета

На Украина ѝ се потребни од 500 до 700 милијарди долари за одржување на армијата, тврдат двајца нејзини министри во Давос