Утрински Весник
Спорт

Голема експлозија на 10 километри од Ф1 патеката во Џеда!

Голема експлозија на 10 километри од Ф1 патеката во Џеда!

Додека Ф1 болидите го комплетираа првиот тренинг пред Саудиското ГП на патеката во Џеда, на десетина километри од патеката на пристаништето на Црвеното Море, се случил ракетен напад на складиште за нафта на „Арамко“, огромната нафтна компанија и еден од главните спонзори на Формула 1.

Ова доаѓа откако Хути бунтовниците од Јемен, против кои Саудиска Арабија со помош на САД подолго време е во воен конфликт, неколку пати со ракети го нападнаа градот Џеда во последните неколку недели.

Ф1 возачите го комплетираа првиот тренинг и засега нема информации за можно одложување или откажување на трката.

> Голема експлозија на 10 километри од Ф1 патеката во Џеда! <

Можете да прочитате

Ќерката на Родман стана најплатена фудбалерка во светот

Бранителот на Купот Вардар против Охрид во четвртфиналето

Арсенал и Баерн обезбедија место во осминафиналето на Лигата на шампионите