Утрински Весник
Свет

Голема акција на српската полиција и ФБИ: уапсени 11 лица, мамеле луѓе преку интернет и заработиле 70 милиони долари

Голема акција на српската полиција и ФБИ: уапсени 11 лица, мамеле луѓе преку интернет и заработиле 70 милиони долари

Во соработка со надлежните судски тела на Србија и Сојузното биро за истраги на САД (ФБИ), по налог на Обвинителството за организиран криминал, претресени се станови на 16 локации во Србија и уапсени се 11 лица, државјани на Србија, Црна Гора, Австралија и на Филипини.

Сите уапсени се приведени по што ќе бидат сослушани во постапка на меѓународна правна помош што Србија им ја дава на надлежните судски тела на Соединетите Американски Држави, соопшти Обвинителството за организиран криминал.

Осомничено е дека уапсените како организирана криминална група од 2011 година до денес учествувале во создавање, промовирање и организирање најмалку 16 лажни инвестициски платформи користејќи интернет и онлајн веб-страници, со што добиле противправна имотна корист од над 70 милиони долари.

Групата пронаоѓала инвеститори во светот, вклучително и оние во Северниот округ на Тексас, кои инвестирале во лажни инвестициски платформи за бинарни опции, каде што членовите на групата создавале лажни трговски трансакции, лажни потврди за повлекување пари и лажни потврди за подигање пари, наведува Обвинителството.

Членовите на организираната криминална група, користејќи лажни идентитети и лажни титули, преку е-пошта или видеоконференциски врски ги упатувале инвеститорите да ги внесат своите инвестиции на меѓународни банкарски сметки поврзани со организаторот на групата.

По тоа, групата, по налог на организаторот, ги затворала лажните платформи за инвестирање и по некое време повторно отворала нови со истиот веќе развиен метод на работа.

На овој начин постои основано сомнение дека организаторот и членовите на оваа група добиле противправна имотна корист во висина над 70 милиони долари.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Два брода со мигранти се превртеа кај Мадагаскар, 25 лица загинаа

Обилни снежни врнежи во Турција – затворени училишта и спасени стотици граѓани

Хамнеи: Смртна казна за израелските лидери, не само апсење