Утрински Весник
Свет

Голема акција на италијанската полиција, уапсени 160 криминалци

Голема акција на италијанската полиција, уапсени 160 криминалци

Од утрово, во голема акција на италијанската полиција, 160 лица вмешани во криминал завршија во истражен затвор, пренесуваат италијанските медиуми.

Акцијата била спроведена на територијата на целата земја, а уапсените припаѓале на разни криминални организации, како и на мафијата, кои биле вклучени во набавка на големо и дистрибуција на дрога.

Членовите на калабриската криминална организација „Ндрангета“, која дејствуваше во северниот регион Ломбардија, беа уапсени во градот Лече.

Началникот на полицијата во Месина изјави дека со операцијата му задале голем удар на организираниот криминал, дека акцијата следела по неколкумесечни обемни истраги и дека во утринската акција учествувале повеќе од 750 полицајци од сите служби.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Словенија прогласи двајца израелски министри за персона нон грата

Во Велика Британија на избори ќе се гласа со наполнети 16 години

Регрут од украинската армија уби двајца свои инструктори