Утрински Весник
Спорт

Голден Арт КЛ 7 со две кадровски засилувања во стручниот штаб

Голден Арт КЛ 7 со две кадровски засилувања во стручниот штаб

Скопје, 24 мај 2020 (МИА) – Во стручниот штаб на ракометниот клуб Голден Арт КЛ7 влегуваат две имиња кои имаат искуство како се станува европски шампион. Станува збор за Димитар Маневски и Билјана Црвенкоска. И двајцата се со големо искуство секој во своето поле на дејствување.

– Маневски е дипломиран стручен физиотерапевт со специјалност кинезитерапија. Својата работа официјално ја започнува во фудбалски клубови продолжувајќи во ракометот. Најдобар во својата работа, потврда за ова се двете европски титули како и сите освоени медали на домашна и меѓународна сцена.

Билјана Црвенкоска ја има највисоката македонска тренерска лиценца, професор е по физичка активност, спорт и фитнес администрација/ менаџмент. Силен професионалец кој има сестрана спортска едукација со најголем акцент на ракометот. Нејзиниот ангажман во Голден Арт КЛ7 ќе биде главен тренер на младинска и кадетска екипа како и помошник тренер на Андов Бошковски во првиот тим, соопшптија од прес-службата на новиот суперлигаш.

За засилување на стручниот тим, спортскиот директор на Голден Арт КЛ7 Милчо Чакарески изјави:

– Голден Арт КЛ 7, во пресрет на новата натпреварувачка сезона и предизвикот наречен Супер Лига, согласно своите стратегиски и развојни концепции темелени на сериозноста на своите инвестициски партнери, а пред се застапувајќи го брендот КЛ7 и неговата големина во светски рамки градејќи го тимот за сезоната 2020/21 како прв преземен чекор е јакнењето на стручниот штаб со два европски шампиони. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Двајца тенисери се повлекоа од Олимпијадата во Париз

Австралија најуспешна нација во првиот ден на ЛОИ 2024

И второто злато на ОИ 2024 за Кина