Утрински Весник
Спорт

Годин и официјално во Каљари

Годин и официјално во Каљари

Уругвајскиот дефанзивец Диего Годин и официјално е нов играч на Каљари по трансферот од Интер, откако клубот од Сардинија му даде тригодишен договор.

Годин пристигна во Интер од Атлетико Мадрид минатата сезона и заминува по само една сезона на „Џузепе Меаца“.

„Каљари се пресреќни што го објавуваат потписот на Диего Годин од Интер. Уругвајскиот дефанзивец ќе биде фудбалер на Рособлу до 30 јуни 2023 година“, се вели во соопштението на клубот.

> Годин и официјално во Каљари <



Извор: Makfax

Можете да прочитате

Лазаров: Сакаме да одиме во втората рунда

Реал Мадрид го назначи Арбелоа за тренер

Алонсо сам одлучи да го напушти Реал поради себичноста на играчите и отсуството на поддршка од раководството