Утрински Весник
Магазин

Годините се само цифра за Џејн Сејмур

Годините се само цифра за Џејн Сејмур

Aтерката Џејн Сејмур која публиката ја знае по бројни ТВ-серии, а беше една од Бонд-девојките, изгледа децении помлада во едноделен костим за капење и цветна наметка на плажа на Хаваи.

Џејн беше фотографирана на плажата Оаху во вторникот. Таа се чини дека е совршено среќна додека трча по песокот со внуците Луна и Вилс од нејзината ќерка Кетрин Флин (39).

Актерката добитничка на Златен глобус, која минатиот месец наполни 70 години, изгледа фантастично додека чекори по крајбрежјето со цветна наметка.

 

Џејн се опишува себеси како мајка на шест деца – најстарата ќерка Кетрин, синот Шон, близнаците Џон и Кристофер (нивниот татко е Џејмс Кич,со кого беше во брак од 1993 до 2015 година).

Потоа, тука се и поќерката Џени (ќерка на нејзиниот сопруг Дејвид Флин, со кого беше во брак од 1981 до 1992 година) и посинокот Кален (син на нејзиниот сопруг Џејмс).

На својот Инстаграм-профил минатата година таа сподели фотографија во дводелен комплет за вежбање и предизвика позитивни реакции. Нејзините следачи на социјалната мрежа не го криеја воодушевувањето од тоа како се негува и внимава на својот изглед, посочувајќи дека таа им е вистинска инспирација.

Актерката неодамна откри дека нејзиниот начин на исхрана најмногу се базира на пилешко и зеленчук, а исто така посочи дека строга диета никогаш не дава успех.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста