Утрински Весник
Македонија

Годинава целосно ќе се реконструира оштетениот дел од патот Градско – Прилеп

Годинава целосно ќе се реконструира оштетениот дел од патот Градско – Прилеп
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

До крајот на месецов треба да заврши реконструкцијата на магистралниот пат Дреново – Фариш во должина од 9,1 километри. Проектот вреден 1,5 милиони евра ќе обезбеди зголемување на безбедноста во сообраќајот и побрза патна врска на Пелагонискиот регион со останатиот дел од земјава, информираат од Министерството за транспорт и врски. Увид во градежните работи на терен денес извршија министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, директорот на ЈП за државни патишта Зоран Китанов и прилепскиот градоначалник, Илија Јованоски.

– Сакам да потенцирам дека и делот од Фариш до Прилеп ќе се рехабилитира околу 19 километри, ЈПДП кон крајот на март или април ќе го објави тендерот, така да ќе имаме реконструкција на целата патна врска до Прилеп – изјви министерот Горан Сугарески.

Градежните работи на делницата од Фариш до Прилеп треба да се завршат до крајот на оваа или на почетокот од 2021 година. Постојниот магистрален пат треба да биде алтернативен патен правец на идниот експресен пат Градско – Прилеп, којшто во моментов се изведува на терен.

Од ЈП за државни патишта и денес повторија дека се подготвува тендерската документација за доградба на првата фаза од експресниот пат меѓу Дреново и Фариш, а во меѓувреме непречено се одвива изведбата на втората фаза од Градско до Дреново.

Извор: meta.mk

Можете да прочитате

Зимзоленд вечерва затворен за посетители по интервенција на МВР и Општина Аеродром

ДУИ избра нови претседатели на ограноци и партиски функции

Тетовчанец измамен за сума од 3.000 евра преку социјалните мрежи