Утрински Весник
Спорт

Главните тренери нема да можат да присуствуваат на тренинзите по отворањето на салите во НБА

Кинескиот бизнисмен близу до купување на Бруклин

Вашингтон, 7 мај 2020 (МИА) – НБА лигата планира да им овозможи на тимовите да ги отворат своите центри за обука за индивидуални трнеинзи на 8 мај.

Според „ЕСПН“, тимовите ќе можат да назначат шестмина асистенти или тренери за развој на играчи за да обезбедат обука.
Според изворот, наглавните тренери на клубот нема да им биде дозволено да учествуваат или да ги набљудуваат тренинзите.

За утре е закажана видео конференција со сите кошаркари во лигата. Домаќин на конференцијата ќе биде комесарот на лигата Адам Силвер и директорот на Унијата на играчи Мишел Робертс.

Датумот на конференцијата (8 мај) се совпаѓа со денот кога НБА лигата ќе им овозможи на тимовите да ги отворат клупски капацитети за индивидуално тренирање.

Се претпоставува дека за време на конференцијата кошаркарите ќе можат да ги постават сите нивни прашања. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Енди Мареј е нов тренер на Новак Ѓоковиќ

Чоло утре ќе влезе во историјата на Ла Лига

Јамал потпишува нов договор со Барселона со откупна клаузула од милијарда евра