Утрински Весник
Свет

Главниот опозициски кандидат во Конго почина од корона по затворањето на избирачките места

Главниот опозициски кандидат во Конго почина од корона по затворањето на избирачките места

Главниот ривал на актуелниот претседател на претседателските избори во Конго, опозицискиот претставник Гај-Брис Парфејт Колелас, починал од Ковид-19 додека бил пренесуван кон Франција за лекување, само неколку часа по затворањето на избирачките места.

„Тој почина во медицински авион што го зеде од Бразавил во неделата попладне“, изјавил шефот на неговиот штаб за агенцијата „Франс прес“.

Тој додал дека гласовите ќе продолжат да се бројат и дека Колелас го имал водството во некои изборни единици.

Гај-Брис Парфејт Колелас добил позитивен тест за коронавирус во петокот попладне и не бил во можност да присуствува на последниот предизборен митинг во Бразавил.

За време на викендот, тој објави видео во кое рече дека се бори за живот.

„Јас се борам за својот живот, но без оглед на тоа, ве молам да станете. Одете, гласајте за промена. Не се боревме залудно”, рече во таа порака видно ослабениот Колелас.

Тој заврши на второто место на последните избори пред пет години.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Аналитичари: Русија напредува во Украина со најбрзо темпо од почетокот на војната

Парламентарното собрание на НАТО усвои резолуција за итна интеграција на Украина во Алијансата

Русија упати предупредување до Јужна Кореја: „Воздржете се од непромислени чекори“