Шпанскиот репрезентативец, Серхио Рамос е во преговори со Реал Мадрид да ја продолжи соработката по јуни 2021 година, но претседателот на клубот, Флорентино Перез изјави дека ќе го задржи дефанзивецот до крајот на неговата кариера.
„Рамос ќе биде во клубот доживотно. Ние сме мирни и сигурни во тоа. Беше неверојатен како капитен и многу од успесите се поврзани со него“ изјави Перез за шпанските медиуми.
Во последните 7 меча постигна 5 гола.
Рамос стигна до својата петта титула во Шпанија во 15-годишната кариера на „Сантијаго Бернабеу“. Сега се изедначи со клупските легенди Фернандо Јеро, Икер Касилјас и Гути, а пред него е Раул Гонзалез со 6 титули.
Сепак, сите овие фудбалери го напуштија Реал непосредно пред „пензионирањето“. Од мадридскиот клуб си замина и Кристијано Роналдо и тоа на 33 години, отиде во Јуве за 100 милиони евра.
Рамос професионалната кариера ја започна во Севилја, а по само една година, во 2005 година, прејде во Реал Мадрид.
За Кралскиот клуб одигра 649 меча и постигна 96 гола.
> Ги пуштија Раул, Касилјас и CR7, но Рамос доживотно во Реал <