Утрински Весник
Македонија
Img 7972

Гир: Владата може да очекува поддршка од ЕУ во проектите кои значат подобар живот

Гир: Владата може да очекува поддршка од ЕУ во проектите кои значат подобар живот
Img 7972

Вицепремиерот задолжен за економски прашања, Фатмир Битиќи, преку видео врска, денеска одржа состанок со Шефот на делегацијата на Европската Унија во Скопје, амбасадорот Дејвид Гир, со кого разговараа за спроведувањето на реформите во земјата во насока на евро интеграцискиот процес.

Пристапниот процес кон Европската Унија е национален интерес, рече Битиќи и додаде дека во периодот кој следи посветено ќе се работи на зајакнување на човечките капацитети за спроведување на потребните реформи, ќе се посвети особено внимание на борбата против корупцијата и криминалот, како и на владеењето на правото и правдата за сите, а воедно ќе се насочат и големи ресурси во реализацијата на капитални инвестиции, со цел подобро инфраструктурно поврзување во земјата, но и на Северна Македонија со другите земји во регионот.

Амбасадорот Гир го реафирмираше ставот дека делегацијата на Европската Унија во Скопје ќе остане активен учесник во реформските процеси и потврди дека Владата може да очекува поддршка од ЕУ во проектите кои значат подобар живот на граѓаните.

Вицепремиерот Битиќи и ЕУ амбасадорот Гир, на крајот на состанокот се согласија дека ќе продолжат со интензивна комуникација и следење на сите проекти кои се реализираат во заедничка соработка, за да се постигнат поставените цели и да се придонесе кон подобар живот на сите граѓани во Северна Македонија.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

СВР Битола со апел до граѓаните да не наседнуваат на телефонски измами за лажни сообраќајни несреќи

Струмичанец со воздушна пушка пукал кон бензинска каде имало складирано плин

Левица: ДПМНЕ четири години ги манипулира жителите на Долно Лисиче за регионален пат!