Утрински Весник
Македонија

Гинекологија апелира до пациентите да се јават на преглед само во исклучително нужна и итна ситуација

Гинекологија апелира до пациентите да се јават на преглед само во исклучително нужна и итна ситуација

Скопје, 11 март 2020 (МИА) – Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство во Скопје упатува апел до пациентките кои имаат закажано преглед преку „Мој термин“ да се јават само во исклучително нужна и итна ситуација со цел намалување на приливот на пациенти, редуцирање на метежот во амбулантите и превенирање од ширење на коронавирусот.

Апелот особено важи за категоријата на пациентки од над 65-годишна возраст кај кои е највисок ризикот од евентуална зараза од коронавирусот.

– Заради утврдување на итноста од преглед на пациентките, ЈЗУ У ГАК ќе испрати циркуларно писмо до матичните гинеколози кои ќе треба да прават строга селекција на итност согласно состојбите на пациентките. Службата за известување при ЈЗУ У ГАК телефонски ќе ги информира пациентките за откажување на прегледи кои не подразбираат итно доаѓање на Клиниката за преглед, се вели во соопштението од Управата на ЈЗУ У ГАК.

Апелот до пациентките целосно да ги почитуваат мерките за превенција од коронавирус упатени од Министерството за здравство е согласно донесените мерки од Владата на Република Северна Македонија во функција за превенција од ширење на оваа болест. аа/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ДЗР: Низок процент на опфат на скрининзите за рак на дојка и матка, 80 отсто од пациентките со рак почнуваат со лекување во подоцнежни стадиуми на болеста

Шпанец фатен на скопскиот аеродром со 1.463 парчиња пирсинг

Промоцијата на наградениот филм „Малдорор“ се заокружува со три проекции во Кинотека