Утрински Весник
Спорт

Гибралтар не смее да е сериозна пречка за Македонија

Топспорт во Гибралтар,

Никола Ѓуровски

Фудбалската репрезентација на Македонија денеска (18 часот) го игра вториот натпревар од Лигата на нации. Противник е аутсајдерот Гибралтар, селекција која има оскуден квалитет и најчесто ги губи натпреварите, но никако не смее да биде потценета. Тоа го потенцира и селекторот Благоја Милевски.

„Македонија никого не потценува, тоа никогаш нема да се случи, денеска сите играат фудбал и нема добиен натпревар додека не се заслужи на теренот. Мораме да бидеме максимално фокусирани и да одиграме квалитетен натпревар“, вели Милевски.

Можеби и ќе направи неколку замени во составот, но, сепак, на стадионот „Викторија“ на Гибралтар ќе истрча силна Македонија.

„Кој и да добие шанса, очекувам да ја искористи. Македонија треба да се наметне и да покаже дека е поквалитетен ривал“, дополнува Милевски.

Офанзивецот Елиф Елмас верува дека нашиот национален тим ќе оствари триумф.

„Трите бода се наша цел. Гибралтар е селекција која добро се брани, а ние треба да најдеме начин брзо да ги пробиеме“, истакна Елмас.

Натпреварот меѓу Гибралтар и Македонија е закажан за 18 часот. На првиот меч, Македонија ремизираше 1:1 против Бугарија во Разград, а Гибралтар загуби на гости кај Грузија со 4:0.

> Гибралтар не смее да е сериозна пречка за Македонија <

Можете да прочитате

IN MEMORIAM: Слободан Трајковски, велосипедски активист и човекот што го развиори македонското знаме на „Тур Д`Франс“

Јокиќ со трип-дабл, а дабл-дабл за Дончиќ, Зубац, Нуркиќ, Вучевиќ

Џек Милер: Имав среќа, се извлеков