Утрински Весник
Свет

Гејтс: Месото од лабораторија треба целосно да го замени животинското месо

Гејтс: Месото од лабораторија треба целосно да го замени животинското месо
Dik 300x250 mk

Третиот најбогат човек на светот го насочи вниманието кон промоција на неговата нова книга за климатските промени, апелирајќи до човештвото да премине на вештачко, синтетички добиено месо со цел да ја спаси планетата од стакленички гасови, пренесува РТС.

Основачот на „Мајкрософт“ ја објави својата најнова книга „Како да избегнеме климатска катастрофа: Решенијата кои ги имаме и достигнувањата кои ни требаат“, а во едно промотивно интервју, Гејтс рече дека еден од начините да се намалат нивоата на метан е да не се консумира месо и да се замени со научнофантастично синтетичко одгледување во лабораторија.

„Мислам дека сите богати земји треба целосно да преминат на синтетичко говедско месо“, изјави Гејтс за магазинот „Технолоџи ривју“.

„Можете да се навикнете на разликата во вкусот, и тоа ќе го направи уште повкусно. Со текот на времето, тоа може да доведе до промена на навиките на луѓето и законите со кои целосно ќе се смени побарувачката”, истакна Гејтс.

Идејата е да се намалат емисиите на метан, исклучително моќен гас со ефект на стаклена градина произведен од преживари додека ја варат тревата.

Пофалувајќи го технолошкиот напредок во земјоделството и биоинженерството, Гејтс верува дека не постои друг начин освен целосно да се елиминира добитокот од нашата исхрана, иако тој призна дека тоа е многу тежок пат, бидејќи е многу политички непопуларно да им се каже на луѓето дека веќе не можат да јадат говедско, овчо и козјо месо.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Лавров: Русија и САД го продолжуваат билатералниот дијалог, но не со посакуваното темпо

Трамп сака да им исплати по 2.000 долари на сите американски граѓани

Иран предупредува дека пресушуваат резервоарите со вода, можна евакуација на Техеран