Барселона, 1 јуни 2020 (МИА) – Плејмејкерот на Борусија Дортмунд, Марио Геце, кој сигурно ќе го напушти тимот како слободен агент по крајот на сезоната, дефинитивно би се вклопил во Ла Лига. Ова е мислењето на неговиот поранешен соиграч во германската репрезентација Марк-Андре тер Штеген, кој игра во шпанскиот шампионат.
– Марио е фудбалер кој може да се справи со топката и да ја развива играта. Тој дефинитивно ќе се вклопи во Ла Лига. Не знам дали неговата цел е да игра фудбал. Кога разговараме, тоа никогаш не е за фудбалски теми. Само за мене важно е тој да донесе правилна одлука и да е среќен. Тој би бил погоден за многу клубови и може да направи разлика во нив, изјави Тер Штеген за „Кикер“.
Тој ги коментираше и преговорите за продолжување на неговиот договор со Барселона.
– Почнавме разговори, но потоа дојде проблемот со коронавирусот. Ова не е ситуација кога ќе разговарате за договор. Станува збор за работи што се многу поважни од фудбалот, па затоа решивме да ги одложиме преговорите. Јас нема да бидам без договор во текот на летото. Се чувствувам добро затоа што семејството ми е среќно. Сепак никогаш не знаете што ќе се случи за неколку години, додаде голманот.