Утрински Весник
Економија

Германски цариници заплениле 600 килограми сувомесни производи од Балканoт

Германски цариници заплениле 600 килограми сувомесни производи од Балканoт

При претрес на два автобуса, кои пристигнале од земјите на Западен Балкан, германските цариници во Штутгарт заплениле околу 600 килограми сувомесни производи кои немале задолжителни ветеринарни сертификати.

Сувомеснатите производи биле спакувани во патни торби, а оние што ги превезувале биле казнети за внесување храна без дозвола. Шверцерите на храна, исто така, ќе треба да ги платат сите трошоци, вклучително и уништувањето на производите.

„Целта на забраната за увоз на храна без сертификат е да се спречи ширењето на опасни болести на животните, како што е африканската свинска чума“, изјави портпаролот на Главната царинска испостава, Томас Семан.

„Таквите месни производи можат да носат многу заразни патогени микроорганизми и да доведат до опасно ширење на епидемијата во Германија“, додаде шефот на ветеринарната станица во округот Ешлинген, Кристијан Маркварт.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Дигитализацијата во УЈП штеди време – илјадници граѓани веќе користат нови електронски услуги

Лукаревска: Кај граѓаните има огромно разочарување од ВМРО-ДПМНЕ

ССМ: Во мај 73,3 проценти од работниците земале плата под просечната