Утрински Весник
Економија

Германски увозник на гас: На Русите ќе им плаќаме во евра

Германската компанија VNG, која увезува гас, во иднина ќе прoследува евра за руски гас до „Гаспромбанк“ и не очекува проблеми при претворањето во рубли, соопштија од компанијата.

Според „Ројтерс“, со ова е исполнето најважното барање на Москва во рамките на новиот начин на плаќање на гасот.

VNG, којa е во мнозинска сопственост на германскиот регионален снабдувач EnBW, објаснува дека сè е во согласност со санкциите и дека сè има за цел да обезбеди снабдување и економска стабилност.

„Ќе продолжиме да добиваме сметка во евра и износот во евра ќе го плаќаме на сметката кај ‘Гаспромбанк’ согласно процедурата, за да може нашиот добавувач да добива навремени плаќања“, се вели во соопштението на VNG.

VNG нагласува дека поаѓа од тоа дека нема да има проблеми при размената од евра за рубли.

Посочуваат и дека немало проблеми при отворањето сметка во „Гаспромбанк“.

Од компанијата не одговорилe на прашањето дали се отворени две жиро-сметки, едната во евра, а другата во рубли.

Покрај Uniper и RWE, VNG е еден од најголемите увозници на руски гас во Германија.

Можете да прочитате

Филипче во одбрана на лозарите: Дополнителни три денари по килограм грозје

Лукаревска: Секој ден ново задолжување, ВМРО-ДПМНЕ повторно ги задолжува граѓаните

Царинска управа: За 14,5 милиони евра зголемена наплатата на приходи во август – рекорден раст од 8,9 проценти годинава