Утрински Весник
Свет

Германски научник: Имам 600 докази дека вирусот е направен во лабораторија

Германски научник: Имам 600 докази дека вирусот е направен во лабораторија

Германскиот нано научник Роланд Визендангер тврди дека постојат докази дека коронавирусот не преминал од животни на луѓе, туку потекнал од лабораторија. Научник од Хамбург за германските медиуми изјави дека имал вкупно 600 докази од 2019 и 2020 година.

„Информациите за вирусот и бројните публикации во професионални списанија и на социјалните мрежи покажуваат дека короната е резултат на несреќа во лабораторијата. Короната доаѓа од лабораторијата во Вухан”, тврди Визендангер.

Според него, вирусот многу добро се „закачува“ на рецепторите на човечките клетки и успева да навлезе во нив, што не било карактеристично за претходните соеви на коронавирус и укажува на неприродно потекло.Тој исто така истакна дека лилјаците не се нудат на пазарот во центарот на Вухам, кој беше наречен епицентар на инфекцијата.

Визендангер очекува во следните недели и месеци да има дополнителни студии и истражувања за потеклото на коронавирусот и се надева на докази што ќе ја поткрепат неговата теза.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Русија го подготвува ракетниот систем „Сармат“ за оперативна готовност

На Германија годишно и се потребни 288.000 странски работници

Долниот дом на Парламентот во Австралија го усвои предлог-законот за забрана за користење на социјалните мрежи за деца под 16 години