Утрински Весник
Свет

Германски министер: Недозволиво е неколку богати земји да си обезбедат четири или дури осум дози вакцина по глава на жител

Германски министер: Недозволиво е неколку богати земји да си обезбедат четири или дури осум дози вакцина по глава на жител

Министерот за развој во Владата на Германија, Герд Милер, се заложи за поправедна дистрибуција на вакцините против коронавирус. Во изјава за медиумите на групацијата „Функе“, тој истакна дека биле вакцинирани помалку од два процента од луѓето на целиот африкански континент, а една третина од земјите во развој не примиле ниту една доза вакцина.

Политичарот на баварската Христијанско-демократска унија (ЦСУ) истакна дека, од друга страна, недозволиво е неколку богати земји да си обезбедат четири или дури осум дози вакцина по глава на жител.

Тој рече дека вакцините за ризичните групи во земјите во развој треба да бидат достапни што е можно поскоро.

„Глобалната дистрибуција на вакцини е најбрзиот начин да се вакцинираат што повеќе луѓе. Само глобалната кампања за вакцинација води кон излез од кризата”, рече Милер.

Можете да прочитате

Градоначалникот на Нагасаки предупредува на нова нуклеарна војна

Глад и болести се шират во Судан, 25 милиони луѓе загрозени поради недостиг од храна

Германија го запира извозот на воена опрема во Израел и повикува на прекин на огнот во Газа