Утрински Весник
Свет

Германски министер: Вакцинираните лица ќе имаат одредени привилегии

Германски министер: Вакцинираните лица ќе имаат одредени привилегии

Германија планира на лицата вакцинирани против Ковид-19 да им обезбеди одредени привилегии во однос на невакцинираните, рече министерот за здравство, Јенс Шпан.

Тој рече дека вакцинираните лица ќе можат да патуваат без задолжителен карантин, да одат во фризерски салон и да купуваат со минимални ограничувачки мерки, бидејќи резултатите од новото истражување покажуваат дека вакцинираните лица претставуваат мал ризик од пренесување на вирусот.

„Секој што е вакциниран може да оди на шопинг или во фризерски салон без тестирање. Покрај тоа, резултатите од истражувањето на институтот ‘Роберт Кох’ покажуваат дека вакцинираните лица не мора да одат во карантин“, потенцира Шпан, пренесува германски „Билд“.

Тој не го објави точниот датум кога овие прописи можат да стапат во сила, иако германските медиуми пишуваа дека тоа може да се случи во следните недели.

Можете да прочитате

Силна експлозија во фабрика во Шпанија – има загинати и повредени

Русија го подготвува ракетниот систем „Сармат“ за оперативна готовност

На Германија годишно и се потребни 288.000 странски работници