Утрински Весник
Свет

Германските пратеници го одобрија предлогот на Меркел да воведе ограничувања

Германските пратеници го одобрија предлогот на Меркел да воведе ограничувања
Dik 300x250 mk

Германските пратеници го одобрија предлогот на Владата на канцеларката Ангела Меркел за воведување унифицирани ограничувања во областите каде коронавирусот се шири пребрзо.

Преку законите што доследно се применуваат како кочница за итни случаи во областите со голема стапка на новозаразени со коронавирус се има за цел да се воведат низа мерки како одговор на пандемијата со Ковид-19 во 16 германски сојузни држави, пренесува АП.

Долниот дом на парламентот денеска гласаше за планот со 342 гласа „за“ и 250 „против“, додека 64 беа воздржани. Горниот дом, во кој се претставени државните влади, треба да ги разгледа законите во четврток.

Предлогот содржи планови за воведување полициски час од 22 часот до 5 часот наутро, ограничување на личните контакти, затворање на објекти за забава и спорт како и затворање и ограничување на пристапот до многу продавници.

Можете да прочитате

Орбан предизборно ќе исплати 14-та пензија

Украина во тајна операција уништи стратешки руски нафтовод

Холандија добива прв геј премиер во историјата