Утрински Весник
Свет

Германските лекари предупредуваат колку е важно движењето ако работите од дома

Германските лекари предупредуваат колку е важно движењето ако работите од дома

Во последните месеци сè повеќе луѓе работат од дома поради пандемијата на коронавирусот, а некои поради тоа вежбаат помалку.

Германските лекари предупредуваат дека недостигот на движење може да го зголеми ризикот од развој на длабока венска тромбоза (ДВТ), што се јавува кога во длабоките вени, најчесто на нозете, се формира згрутчување на крвта или тромб.

Бидејќи недостигот на движење може да ја зголеми веројатноста за појава на згрутчување на крвта ако поминувате многу време да седејќи зад работната маса, важно е редовно да станувате или да правите полесни вежби, е советот на германското Сојузно здружение за здравствени информации и заштита на потрошувачите (БГВ) во Бон.

Членовите на Здружението советуваат вежби за истегнување додека седите или, на пример, повремено да ги свиткувате колената кога ќе станете.

БГВ советува и едноставна вежба за подигнување на стапалата во седечка положба. Додека седите, исправете ги грбот и бутовите така што ќе формираат прав агол. Полека подигнете ги двете петици потпирајќи се со прстите на подот, а потоа повторно спуштете ги на подот. Повторете ја вежбата десетина пати.

Длабоката венска тромбоза може да биде многу сериозен проблем затоа што згрутчувањето на крвта може да се одвои и да заврши во крвотокот во белите дробови блокирајќи го нормалниот проток на крв.

Оваа опасна за живот состојба се нарекува белодробна емболија.

Фактори на ризик за развој на ДВТ вклучуваат претходна операција, воспаление, проширени вени и проблеми со бубрезите. Ако страдате од некој од горенаведените проблеми, БГВ советува да разговарате за тоа со вашиот матичен лекар.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

По израелски напад во Појасот Газа загинаа двајца новинари на Ал Џезира

Шефот на СЗО потврди дека е откриен полиовирус во Газа, повика на превенција

Венеција од утре го ограничува бројот на луѓе во туристичките групи на максимум 25