Утрински Весник
Свет

Германските болници предупредуваат дека наскоро не ќе можат да исплаќаат плати

Германските болници предупредуваат дека наскоро не ќе можат да исплаќаат плати
Dik 300x250 mk

Здружението на германски болници предупреди дека поради ограничувања во работата како резултат на пандемијата, постои опасност клиниките повеќе да не можат да исплаќаат плати на вработените.

„Доколку владата јасно не ја зголеми помошта, тогаш клиниките нема да можат да исплатат плати на вработените во првиот квартал од следната година“, рече претседателот на Здружението, Џералд Гас.

Тој за германските медиуми изјави дека парите од вообичаените фондови не се доволни и дека болниците во моментов на располагање имаат ограничени финансиски средства.

Во средината на декември германската влада усвои мерки за помош на болниците.

Според концептот на Министерството за здравство, болниците во регионите кои се особено оптоварени од ширењето на вирусот, ќе добијат средства доколку се откажат од медицински зафати што можат да се одложат и на тој начин ослободат кревети.

Според Гас, само 25 проценти од клиниките имаат корист од тоа.

Тој предложи, врз основа на податоци од 2019 година, да се обезбеди месечен буџет за болниците.

Две третини од болниците сметаат дека 2020 година ќе ја завршат со загуби, покажува актуелниот болнички барометар.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Мајка ми не е маж, вели ќерката на Брижит Макрон

Половина од светот остана без интернет

Под урнатата зграда во Турција има две жртви, кучиња трагаат по останатите три лица кои се уште се живи