Утрински Весник
Свет

Германскиот парламент гласаше за прием на Финска и Шведска во НАТО

Германскиот Бундестаг денеска на последната седница пред летната пауза гласаше за проширување на НАТО. Пратениците со големо мнозинство гласаа за прием на Финска и Шведска во НАТО.

dobivaj vesti na viber

За прием на двајца нови членови гласаа пратениците на владејачката коалиција СПД, Зелените и ФДП, како и ЦДУ/ЦСУ, а против беа Левица и Алтернатива за Германија (АфД).

Министерката за одбрана Кристине Ламбрехт изјави дека агресијата на рускиот претседател Владимир Путин против Украина го постигнала спротивното од она што тој го сакал.

„ Западот, кој толку мрази, станува посилен, а не послаб“ рече таа во своето обраќање до пратениците.

Ламбрехт нагласи дека со одлуката за проширување на НАТО, Германија испраќа сигнал за солидарност и доверливост.

„ Моќта на Европа станува се поголема, а тоа ќе ги олесни САД“, нагласи таа.

Можете да прочитате

Во Саудиска Арабија егзекутирани осум осуденици во еден ден

Македонска државјанка повредена во сообраќајка на Алјаска

Жена на 76 години за првпат стана мајка