Утрински Весник
Свет

Германскиот министер за здравство: Строгите мерки нема да се ублажат кон вакцинираните лица

Германскиот министер за здравство: Вакцината ќе ја добиеме можеби оваа есен

Германскиот министер за здравство Јенс Спан изјави дека е против олеснување на ограничувачките мерки за лицата вакцинирани против коронавирус.

Инаку, вакцинацијата во Германија започна вчера.

Според националниот план за вакцинација, усвоен на 18 декември, првите во редовите за имунизација се лица над 80 години и здравствени работници за стари лица, како и медицински персонал од одделот за интензивна нега.

„ Некои имаат приоритет во вакцинацијата затоа што немаме доволно за секого. Оние кои не биле вакцинирани може да очекуваат дека оние што ја примиле дозата ќе се солидаризираат и нема да мислат дека повеќе нема да носат маска”, рече Спан.

Според него, Германија досега со пандемија се соочувала со солидарност во општеството, а во следните месеци ќе го стори истото, сè додека не се вакцинираат сите.

На почетокот на декември германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека властите се согласиле да ги засилат мерките за сузбивање на коронавирусот пред Божиќните празници до 10 јануари.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

НАТО: Поддршката за Украина продолжува

Израел прифати примирје со Хезболах

Телефонски разговор Трудо-Трамп – 24info.mk