Утрински Весник
Свет

Германската полиција спроведе акција против фалсификатори на пасоши за вакцинација

Германската полиција спроведе акција против фалсификатори на пасоши за вакцинација
Dik 300x250 mk

Германската полиција спроведе голема акција во Солинген, Дизелдорф и Дортмунд против фалсификаторите на таканаречените пасоши за вакцинација.

За време на вчерашната акција, беа извршени претреси во 10 станови и продавници. Акцијата ја водеше централната институција за борба против организираниот криминал во државното обвинителство во Дизелдорф.

„ Во тек е истрага против петмина осомничени под сомнение дека фалсификувале пасоши за вакцинација и ги продале“, рече портпаролот на институцијата.

Според „Билд“, станува збор за луѓе блиски до познатиот турско-арапски криминален клан.

При претрес на становите и продавниците не биле пронајдени фалсификувани пасоши или документи за изработка на такви документи. Сепак, полицијата заплени големи количини на дрога и 85.000 евра во готово.

Патем, во Германија, пасошот за вакцинација сега стана најбараната стока на црниот пазар.

Можете да прочитате

Над 80 милиони евра е вредноста на накитот украден од Лувр

Венс во Израел: Ако Хамас не се разоружа, ќе го уништиме

Француската морнарица запленила 2,4 тони кокаин