Утрински Весник
Свет

Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок во ненадејна посета на Буча

Dik 300x250 mk

Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок денеска пристигна во ненадејна посета на Буча.

Бeрбок е првиот член на германската влада што ја посети Украина од почетокот на војната.

Министерката за надворешни работи на Германија во Украина беше на самиот почеток од својот мандат, кога ја посети линијата на фронтот во регионот Донбас, кој е центар на борбите меѓу сепаратистите поддржани од Москва и украинските сили од 2014 година и сега е фокус на руските воени операции, објавија медиумите.

Според нивните написи на почетокот на патувањето, Бербок ја посети Буча во близина на Киев, каде на почетокот на март беа пронајдени бројни безживотни тела на улиците.

Можете да прочитате

САД очекуваат Унгарија да престане да користи руска нафта и гас

Трамп ја исклучи можноста за кандидатура за потпретседател во 2028 година

Изненадувачки успех на Милеи на изборите за аргентинскиот Конгрес