Утрински Весник
Свет

Германија сè уште не ги отвора границите за граѓаните на Србија

Германија сè уште не ги отвора границите за граѓаните на Србија
Dik 300x250 mk

Германија сè уште не донела одлука дали да ги следи препораките на ЕУ за отворање граници за земји кои не се дел од Унијата, па се чини дека граѓаните на Србија ќе треба да го одложат заминувањето во Германија до понатамошно известување.

„Комисијата на Европската Унија им препорача на земјите членки да ги релаксираат ограничувањата за движење за влез во Европската Унија од 1 јули 2020 година. Владата на Сојузна Република Германија сè уште не донесе одлука дали да ги следи овие препораки. Затоа, ограничувањата за влез во Германија сè уште важат за српските граѓани. За сите измени ќе ве известиме навремено на нашата веб-страница или преку Фејсбук“, се наведува во фејсбук-објавата на Германската амбасада во Белград.

Komisija Evropske unije ?? preporučila je zemljama članicama da od 01.07.2020. relaksiraju ograničenja kretanja za…

Posted by Deutsche Botschaft Belgrad / Nemačka ambasada u Beogradu on Вторник, 30 јуни 2020

Досега, на српските државјани со дозвола за престој или национална виза на Сојузна Република Германија им е дозволено, по правило, да влезат во Германија само доколку патуваат со цел да се вратат во нивното место на постојан престој.

Лидерите на Европската Унија објавија препорака според која граѓаните на 14 земји ќе можат слободно да патуваат во земјите членки на ЕУ од 1 јули. Србија е исто така на тој список.

Текстот Германија сè уште не ги отвора границите за граѓаните на Србија е превземен од МАКФАКС.



Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Силен земјотрес ја стресе Јапонија

Во ФБИ истрага уапсени и НБА играчи и тренери

Трамп го помилува основачот на најголемата светска криптоберза „Бинанс“