Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Германија размислува за построги мерки, можна е и задолжителна вакцинација

Германија размислува за построги мерки, можна е и задолжителна вакцинација
Img 7972

Гeрманија наскоро би можела да воведе построги мерки, а во тек се и преговори за задолжителна вакцинација против коронавирусот.

Канцеларката во заминување, Ангела Меркел и нејзиниот веројатен наследник, Олаф Шолц, денеска ќе одржат состанок со регионалните лидери, а се очекува да се воведат построги мерки за невакцинираните и да се ограничат собирите.

Меѓу мерките кои се споменуваат е и проширување на примената на правилото 2Г (пристап за вакцинирани и опоравени од Ковид-19) и на продавниците, како и ограничување на големите собири. Исто така, можно е да се затворат кафулињата, рестораните и ноќните клубови.

Дополнително, покрај актуелната обврска за вакцинација во одредени институции, наскоро би можела да се воведе и општа обврска за вакцинација. Доколку се постигне договор, тој ќе треба да биде одобрен од Парламентот.

Идниот германски канцелар Олаф Шолц (СПД) најави дека постапката за носење закон за воведување општа обврска за вакцинација може да започне до крајот на годинава. Како што рече, пратениците ќе бидат ослободени од партиските стеги и ќе треба да гласаат по сопствено убедување. Овој начин на изјасување во Бундестагот се применува за етички чувствителни прашања.

Германија вчера забележа 446 смртни случаи како последица на корона, што е најголем број во последните девет месеци. Во последните 24 часа има 73.209 нови случаи.

Можете да прочитате

„Дејли меил“: Асад преживеал атентат со труење во Москва

Земјотрес со јачина од 5.0 степени ја погоди западна Турција, почуствуван и во Истанбул

Колумбија протера израелски дипломати поради запирањето на флотилата за помош за Газа