Утрински Весник
Свет

Германија привремено ги прекина летовите на руски компании

Русија излегува од договорот за отворено небо

Германија привремено ги прекина летовите на руски компании како одговор на потегот на Москва, која одби да издаде дозвола за летови на „Луфтханза“ кон Русија.

Ова се случува по конфликтот меѓу Западот и Русија поради присилното слетување на авионот на „Рајанер“ во Минск, а Министерството за надворешни работи прецизира дека руските авијациски власти не ја обновиле дозволата за германската компанија за јуни, што значи дека летот што требало да полета утринава е откажан.

Како одговор Германија одби да им одобри дозволи на „Аерофлот“ и „С7“, кои летаат од Русија.

Можете да прочитате

НАСА го лансираше „Артемис II“, првиот лет со екипаж до Месечината по повеќе од 50 години

Иран: Војната ќе трае сè додека непријателот не биде целосно поразен

Трамп: Ќе го вратиме Иран во камено доба